Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Жителите на Крушје три децении се гушат во чад од Буково, бараат веднаш да почне изградбата на депонијата во Новаци

Застрашувачи се сведоштвата на жителите од ресенското планинско село Крушје кои 3…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Застрашувачи се сведоштвата на жителите од ресенското планинско село Крушје кои 3 децении се гушат во неподнослива миризба и чад кој содржи најканцерогени материи, а се спушта од нестандардната дива депонија Буково.Со педесетина жители,Крушје е првото село од ресенско кое е најблиску до депонијата.Во деновите кога гори,велат гладот за воздух е неиздржлив.

“Сабајлето кога ќе станевме прст пред око не се гледаше верувајте дека сите луѓе во селово се разболени од белите дробови.Остај тоа разболени сме секако, години чади,но ланската година е посебна.Сите производи што ги произведуваме, се’ беше контаминирано.Се’ исфрливме никој ништо не употреби.Стави го производот во вода, црна вода излегуваше; – Те брка со сила да си бегаш од родното место,секој ден чад, секој ден смрдеа.Алиштата ги периш ги закачуваш,од бели се прават црни.Бетар од Скопје сме,во Скопје велат загадено е ама кај нас е позагадено, ако живееме на 1090 м.нв; – Сливот од Црн врв,водата што тече има течени и кон Охрид има течение и кон селово,два извори се каптирани за Ресен водата се загадува и едната  другата”

Граѓанските активисти притискаат час поскоро да се изгради регионалната депонија во Новаци.

Реклама

“Oва е важно затоа што доколку не постои регионалната депонија, Буково нема да може да влезе во процес на санирање и реанимирање. Дваесет проценти од населението во Македонија умира од аерозагадување кое што се софпаѓа со проценка од 133 до 140 луѓе во Охрид “-вели Драгана Карашова –“Збогум Буково”

Oтворање на регионалата депонија во Новаци која чини околу 34 милиони евра е процес кој ќе трае најмалку 3 години.Градоналаникот на Новаци не дозволуваше нејзина изградба, доколку државата не изгради обиколница која ќе води до неа,а тоа не се прави преку ноќ.Тој кажа дека до овој момент е донесена одлука за формирање на регионално претпријатие во Новаци за што се чека амин и од сите 18 општини од пелагонискиот и југозапданиот плански регон. Во меѓувреме Општина Охрид во Буково ќе поставува видео надзор,ќе ја оградува и осветлува депонијата која е покриена со 4.700 метри кубни земја.