Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Железници за првпат со специјално украсен новогодишен воз и празнично возење

Железници на Македонија како општествено одговорна компанија, информира дека за првпат оваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Железници на Македонија како општествено одговорна компанија, информира дека за првпат оваа година се вклучува во празничните случувања во пресрет на новогодишните празници, со воведување на специјално украсен новогодишен воз.

-Празничната магија на шините продолжува! Ве известуваме дека до 30 декември, секој ден на железничката станица во Скопје, Ве очекуваат новогодишни претстави, по чие завршување новогодишниот воз тргнува на празнично патување на релација Скопје – Маџари – Скопје, стои во соопштението на Железници.

Оттаму додаваат дека за сите оние кои сакаат само уживање во возењето и празничната атмосфера, обезбедиле и дополнително само возење во 18:00 часот, на истата релација, и ги повикуваат сите да бидат дел од оваа новогодишна бајка и на незаборавно доживување за целото семејство.