Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Николоски: Автопатот Скопје – Блаце ќе донесе дополнителен развој и силно поврзување на државата

Проектите, како автопатот Скопје – Блаце, чија изградба ја почнуваме денеска, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проектите, како автопатот Скопје – Блаце, чија изградба ја почнуваме денеска, се резултат на јасната политика и визија на Владата за развој на државата – порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на поставувањето камен-темелник за изградбата на втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри. 

Николоски посочи дека почнува нов проект кој за неколку години ќе донесе дополнителен развој и силно поврзување на нашата држава со Косово и со Црна Гора, отворање кон најмалку две пристаништа – дополнително отворање кон пристаништето Драч и отворање кон пристаништето Бар и уште повеќе зацврстување на Македонија како крстосница на Балканот. 

Сите овие проекти, посочи вицепремиерот Николоски, може да се случат само и доколку има јасна политика и јасна визија за развој на државата.

Реклама

– Кога оваа Влада беше формирана во 2024 година, јасната политика и визијата на премиерот Христијан Мицкоски беше дека Македонија треба да стане крстосница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба, каде што два паневропски коридори – Коридорот 8 (Исток – Запад) и Коридорот 10 (Север – Југ) се пресекуваат, а на нив се надградуваат и Коридорот 11 и Коридорот 6, кој води од тука, и на тој начин да можеме државата да ја направиме срце на Балканот. Денеска почнуваме таков проект, кој оди во таа насока и само со една таква јасна политика и јасна визија ова може да се случи затоа што секоја Влада има разни приоритети, приоритетот на оваа Влада е напредок, соработка, економски развој и на тој начин развој на државата и на целиот регион – рече Николоски забалагодарувајќи се на поддршката за реалзизацијата на проектот.

Новите километри автопат, на потегот од Стенковец до веќе изградените 1,5 километар автопат, треба да бидат готови за четири години. Ќе го гради домашната градежна компанија  „Гранит“ АД Скопје. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕида. 

Финансирањето е обезбедено преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во висина од 167,6 милиони евра, грант од Рамката за инвестиции за Западен Балкан од 30,82 милиони евра, средства од буџетот на ЈПДП за експропријација, како и грант-средства за проектантите Hill International и ADT Omega.

На свеченоста присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, неговиот косовски колега Аљбин Курти, вицепремиерите Љупчо Димовски и Беким Сали, министри, пратеници, претставници на меѓународните финансиски партнери во проектот, амбасадори.