Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Зголемен за 7.3 проценти прометот во индустријата во април на годишно ниво

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 7.3 проценти во април годинава во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април минатата година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Капитални производи за 12.7 % […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 7.3 проценти во април годинава во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април минатата година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Капитални производи за 12.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %.

Прометот во индустријата, вкупно, во април 2026 година, во однос на март 2026 година, бележи опаѓање од 1.8 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи пораст од 0.2 %.

Реклама

Прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4.5 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи пораст од 2.0 %.

Прометот во индустријата на странските пазари во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 8.7 %, додека во периодот јануари – април 2026 година, во однос на периодот јануари – април 2025 година, бележи опаѓање од 0.2 %.