Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби, регистрира Ургентен центар Куманово

Зголемен е бројот на пациенти во Ургенетен центар Куманово кои бараат помош за справување со тегоби предизвикани од стомачни вируси. Лекарите велат дека честите температурни промени придонесуваат за појава на гастроинтестинални инфекции, а најпогодени се децата и лицата со намален имунитет. Во Ургентниот центар во Куманово, изминатава недела е регистриран значителен пораст на пациенти кои […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемен е бројот на пациенти во Ургенетен центар Куманово кои бараат помош за справување со тегоби предизвикани од стомачни вируси. Лекарите велат дека честите температурни промени придонесуваат за појава на гастроинтестинални инфекции, а најпогодени се децата и лицата со намален имунитет. Во Ургентниот центар во Куманово, изминатава недела е регистриран значителен пораст на пациенти кои се јавуваат со симптоми како гадење, повраќање, дијареја, грчеви во стомакот и покачена телесна температура. Според лекарите, освен температурните осцилации, на зголемениот број случаи влијае и нарушувањето на квалитетот на храната поради високите температури.

– Со промена на температурата сè повеќе доаѓаат пациенти со гастро-тегоби, односно со гадење, повраќање и температури. Исто така, таа промена на температурата влијае на квалитетот на храната. Имаме зголемен број на пациенти со овие тегоби, некаде за околу 30 отсто во однос на минатата недела, но гледаме што поуспешно да се справиме со нив. Пациентите кај кои е потребен понатамошен третман ги испраќаме на инфективното одделение-изјави Дарко Каранфиловски, лекар во Ургентниот центар Куманово.

Лекарите додаваат дека кај дел од пациентите може да дојде до компликации, особено до дехидратација, поради што препорачуваат навремено јавување кај матичен лекар и избегнување на самолекување.

Реклама

– Пациентите најпрво да се обратат кај матичен лекар, да се воспостави соодветна хидратација и терапија со антиеметици и пробиотици, а доколку состојбата напредува, да се обратат во болничка установа, додава д-р Каранфиловски.

Стручните велат дека превенцијата е клучна во спречувањето на ширењето на стомачните вируси. Тие препорачуваат редовно и темелно миење на рацете, особено по престој во градинки, училишта и јавен превоз, како и внимателно чување и консумирање на храната во летниот период. Стомачните вируси се присутни во текот на целата година, но нивната појава е поизразена во пролетните и летните месеци.