Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ЗЕТА домаќин на учесничките во добротворната кампања „Kapua 2026 Macedonia“

ЗЕТА – Здружение за попреченост и правда од Скопје беше домаќин на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ЗЕТА – Здружение за попреченост и правда од Скопје беше домаќин на десет жени од Финска, учеснички во добротворната кампања „Капуа 2026 Македонија“ (Kapua 2026 North Macedonia), како и на претставници на финската организација за права на лицата со попреченост „Кунус“ (Kynnys / Праг).

Во текот на дводневната посета, гостите се запознаа со работата на ЗЕТА и со активностите што организацијата ги спроведува за унапредување на правата на лицата со попреченост и остварување на правото на независен живот. Дел од програмските активности на ЗЕТА се реализираат во рамките на програмата „Унапредување на социјалната инклузија и застапувањето за правата на лицата со попреченост во регионот на Западен Балкан“, којашто ја спроведуваат ЛОТОС од Босна и Херцеговина и ЗЕТА – Здружение за попреченост и правда од Македонија.

Посетата се совпадна со почетокот на новата учебна година, па претставниците на „Капуа“ и „Кунус“, заедно со ЗЕТА и ДСУРЦ „Партенија Зографски“ – Скопје, го одбележаа првиот училиштен ден со учениците од училиштето.

Реклама

Во рамките на средбата беше организирана и креативна работилница, каде што преку цртање беше создадена заедничка творба посветена на образованието и асистенцијата. Преку заедничко творење беше испратена порака за значењето на инклузивното образование, поддршката и еднаквите можности за лицата со и без попреченост, како предуслови за поголема самостојност и вклученост во заедницата. По посетата, десетте учеснички од Финска ја продолжуваат својата мисија со шестдневна планинарска експедиција низ Македонија, чијашто крајна цел е искачување на Голем Кораб, највисокиот врв во земјата, висок 2.764 метри.

Експедицијата е дел од добротворната кампања „Капуа“, со цел собирање средства за поддршка на проекти насочени кон унапредување на човековите права и еднаквоста, со посебна нагласка на жените и младите со попреченост.

Височината на Голем Кораб е симболично поврзана со добротворната акција. Секоја од десетте учеснички има за цел да собере по 5.528 евра – по две евра за секој метар до врвот на Кораб. Заедничката цел на групата е да се соберат 55.280 евра за поддршка на проектите опфатени со кампањата.