Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Свет

Зеленски за средбата со Путин: Тој може да дојде во Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата на Владимир Путин за билатерална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата на Владимир Путин за билатерална средба во Москва, објави Укринформ, повикувајќи се на интервју што Зеленски го дал за американскиот телевизиски канал Еј-Би-Си Њуз.

„Тој може да дојде во Киев. Не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракетни напади, под напади секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист“, рече Зеленски.

Според него, предлогот на Путин всушност имал за цел одложување на нивната средба. Зеленски нагласи дека е подготвен за средба во која било форма, но дека Путин „си игра со САД“. „Ако некој не сака да се сретне за време на војна, може да понуди нешто што не би било прифатливо за мене или за другите“, истакна украинскиот претседател.

Реклама

Путин вчера изјави дека е подготвен да се сретне со Зеленски и дека Москва е најдобро место за можна средба меѓу двајцата.