Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Македонија

Македонија во Дубровник ја потврди посветеноста на зелената транзиција и усогласеноста со европската агенда за одржлив развој

Македонија останува посветена на зелената транзиција и усогласувањето со Европскиот зелен договор.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија останува посветена на зелената транзиција и усогласувањето со Европскиот зелен договор. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, учествуваше на Вториот годишен министерски состанок за Зелената агенда за Западен Балкан, кој се одржа од 14 до 15 октомври 2025 година во Дубровник, во Хрватска.

На состанокот беше усвоена Декларација со која се зајакнува регионалната координација и се отвораат нови можности за финансирање и инвестиции во одржлив развој и зелена економија во регионот. Посебен акцент беше ставен на финансирањето и инвестициските можности за забрзување на зелената транзиција и одржливиот развој во регионот.

Лашкоска, истакна дека зелената трансформација не е само политичка обврска, туку реален процес што директно го подобрува квалитетот на животот на граѓаните.

Реклама

„Нашата држава останува посветена на создавање одржлива и чиста животна средина. Работиме преку конкретни политики, регионална соработка и активно вклучување на граѓаните, со цел забрзан, но одржлив развој и заштита на природата за идните генерации“, рече Лашкоска.

Таа додаде дека државата вложува во чист воздух, заштита на реките и шумите, управување со отпадот и едукација на младите – како клучни области за подобрување на животната средина.

Настанот во Дубровник овозможи размена на искуства и стратегии за справување со климатските промени и пластичниот отпад, а земјите од регионот ја потврдија својата посветеност кон заедничко делување за зелена и одржлива иднина.

Министерството за животна средина најави дека ќе продолжи со примена на зелени политики и мерки за климатска отпорност, со цел почиста, поздрава и поодржлива средина за сите граѓани.

Настанот овозможи размена на искуства и стратегии за справување со климатските промени и пластичниот отпад, а беше потврдена и регионалната посветеност за заедничко делување кон зелена и одржлива иднина.