Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Здруженијата на пациенти се сплотија – Формирана Национална алијанса на пациентски организации за подобри услуги на граѓаните

Онколошки пацинети, бубрежно болни, дијабетичари, хронични пациенти, и пациенти со ретки болести…здруженијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Онколошки пацинети, бубрежно болни, дијабетичари, хронични пациенти, и пациенти со ретки болести…здруженијата на пациенти во Македонија се обединуваат во едно. Се форимира Национална алијанса на пациентски организации која ќе го “лекува” како што велат, болниот здравствен систем во државата. Сите со заеднички сили го кренаа гласот до надлежните, бараат олеснување на здравствените услуги на сите пациенти без разлика со каква болест се борат, современи лекови и подобрување на здравениот систем.

Во првиот бран со кој треба да разговараме е со корпоративната индустрија.Односно со чинителите кој ги носат најсовремените лекови и треба да бидат достапни на пазарот и да видиме зошто не се наоѓаат во нашата земја. И вториот дел е да зборуваме со научната фела односно докторите.Да видиме во кој сегмент можеме заедно да настапиме, кој се нивните потреби за да можеме да имаме добар и квалитетен живот мора да имаме задоволна медицинска фела.Нашиот здравен систем во иднина треба да претпри доста промени вели Милан Мишковиќ, претседател на национална алијанса на пациентски организации.

Претседателот на алијансата упати апел до сите организации и здруженија кои работат во областа на здравството да застанат зад правата на пациентите, како и заеднички да работат во подобрувањето на здравствениот систем.

Реклама

– Алијансата е отворена за сите други здруженија на пациенти кои работат во областа на здравство да се приклучат и заедно да работиме за подобрување на здравствениот систем во земјава. Ги покануваме сите заинтересирани здруженија да се приклучат кон Алијансата, рече Мишковиќ.

Во меѓувреме, изминативе години пациентите се соочија со сериозни предизвици во здравствениот систем. Пациентите со ретки болести имаа недостиг на терапија. Дијабетичарите го кренаа многупати гласот против здравствените власти барајќи инсулин, глукомери и ленти затоа што месеци ги немаа. И најтешко болните -онколошките пациенти не беа исклучок, и тие имаа недостиг на биолошка терапија.

Не само пацинтите, и медицинскиот персонал наидуваа на сопки во сопствената држава каде се образувале. Заминувањето на здравствени работници од Македонија е се помасовно и е загрижувачко. Главна причина за напуштањето на македонското  јавно здравство се ниските плати и мизерните услови за работа.

Ања Лукарова