Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Здружението „Аронија“ од Делчево организираше обука за директно компостирање во перма-модели за реупотреба на растителниот отпад

Здружението на производители на органски производи од Делчево го спроведува проектот „Растителниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението на производители на органски производи од Делчево го спроведува проектот „Растителниот отпад – ресурс за производство на биохрана“, поддржан од Европската унија. Во рамки на предвидените активности се одржа обука за практично директно компостирање во т.н. перма-модели, како пример за реупотреба на растителниот отпад од градините и домаќинствата.

Претседателот на Здружението, Фиданчо Христов, истакна дека целта на обуката е на учесниците да им се прикаже комплетната процедура за подготовка на перма-модел, селекција на отпадот и садење на земјоделските култури.

-Тема на обуката е директно компостирање по перма-модели како пример за производство на биохрана со реупотреба на растителниот отпад. Најпрво како дренажа се става кабаст материјал и гранки, потоа сено, малку арско ѓубре како активатор, а потоа се става собраниот растителен отпад од домаќинството и градината. Ваквото производство овозможува секој граѓанин дури и на 10 квадратни метри во сопствениот двор да произведе храна за сопствените потреби“, изјави Христов.

Реклама

Тој додаде дека ваквиот пристап носи двојна придобивка – овозможува производство на здрава органска храна и директно придонесува за заштита на животната средина преку намалување на отпадот што завршува на депониите и емитува метанот и други стакленички гасови.

На обуката беа подделени и соодветни прирачници и материјали со практични совети и рецепти за комбинирање на културите кои меѓусебно се заштитуваат.