Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Здравството во 2023 – „убиствена“ приказна

“Најавите за недостиг на терапија, тоа е тоа што не плаши во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

“Најавите за недостиг на терапија, тоа е тоа што не плаши во оваа 2024 година дека токму оваа година ќе биде најлошата за онколошките пацинети” вели Ана Марјановиќ, онколошки пациент.

По скандалзоната 2023 онколошките пацинети очекуваат уште полоша 2024 година. Со страв неизвесност и се помалку надеж живеат тие, после аферата на онкологија со препродажбата на лекови на грбот на болните, најавите дека ќе има недостиг на биолошка терапија, но и од заминувањето на најдобрите доктори од Клиниката. Прашуваат ќе има ли кој да ги лекува?

“Верувате ли дека оваа 2024 година ќе биде подобра? “Најискрено не! Ако ме прашавте минатата година во септември можеби ќе ви кажев дека имам надеж” вели Александра Величковска, онколошки пацинет.

Реклама

Одмотувањето на „клопчето“ наречено oнкологија на површина извади бројни сведоштва од пациенти кои се мачеле или се уште се мачат да стигнат до терапија и до прием на клиниката.

“За нас онколошките пацинети постојано слушаме само негативни работи, дека морталитетот е зголемен гледаме дека бројот на пацинети е зголемен.Јас не знам каде ни е крајот. Во однос на терапиите сите одиме со страв. Верувајте ние одреден број ќе се снајдеме некако, за еден месец два,три или пет. Но само ние си знаеме како се снаоѓаме,за да најдеш терапија ако недостасува истата. Но има одреден друг број на пацинети, кои што немаат можност  да најдат, ќе чекаат. А чекањето не носи кон трагедии” – кажа Величковска.

Освен, проблеми со терапиите, загрижува и тоа што државното здравство ги губи најдобрите доктори.

“Докторот Илир, е мој личен доктор.Ако тој си замине јас немам доверба на ниту една друга врата ако тропнам, а ќе морам.Или ќе треба да се лекувам приватно.Многу е страшно што на прсти се бројат останатите онколози таму.И не доаѓаат нови кадри.Страшно е!“ изјави таа.

Хоророт на болните со канцер, не завршува тука. Тие секојдневно се соочуваат и со недостиг на термини за потребните испитувања.

И по пет месеци од скандалот на Онкологија кој во септември ја потресе целата јавност, се уште е во рацете на обвинителството и е во предистражна постапка. Немањето информации дали и кој се богател на грбот на најтешко болните и препродавал терапија, онколошките пациенти немаат доверба дека вистината ќе излезе на виделина.

Сите оние кои се здрави имаат милион желби, но ние кои се борат со најстрашната болест, единствено што посакуваат во новата година е да имаат лекови но и добро здравје.

Ања Лукарова