Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Здравството тоне во длабока кома – синдикатите илегуваат на протест

Незадоволни здравствени работници,незадоволни пациенти, ниски плати, напади врз здравствени работници, болници кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Незадоволни здравствени работници,незадоволни пациенти, ниски плати, напади врз здравствени работници, болници кои се распаѓаат, несоодветни услови, хаос на паркингот на Клинички,нерешен статус на вработените со договор на дело и на  приватните специјализанти – ова се дел од проблемите во македонскиот здравствен систем велат од сидникатот на Клинички.

Незадоволството ќе го искажат на протест в понеделник за време на паузата од 10 -10.30 часот пред Министерството за здравство. Претседателот на синдикатот вели дека револтот е голем затоа што властите изминатите години успеале да го доведат јавното здравство во колапс.

Последниве две три години јавното здравство мака мачеше да покачи плата по две до три илјади денари и по девет месеци се преговараше за тие смешни пари.Најголемото незадоволство е непотпишувањето на анексот на колективините договори кој го спремавме четири месеци со бившиот министер за здравство и со ФЗОМ, тој анекс помина на Влада и се даде овластување на министерот да го потпише анексот но со политички игри го сменија министерот и се распишаа избори вели Предраг Серафимовски, претседател на синдикат на Клинички.

Реклама

Освен повисоки плати, здравствените работници бараат и решавање на хаосот на паркингот на комплексот клиники, но и да се реализира планот за спојување на Клиничкиот центар.

Спојувањето на Клинички беше ветување уште пред седум години.Еве до ден денеска не е вратен Клиничкиот центар во една целина со еден директор и еден управен одбор.И паркингот е ла грана, мислам дека било кој од нас знае што се случува тамувели Предраг Серафимовски, претседател на синдикат на Клинички.

Со истите барања, заедно со Синдикатот на Клинички на протест ќе излезат и членовите на Самостојниот синдикат за здравство при ССМ.

“Мојот апел е политичките партии да најдат начин и да седнеме на заедничка маса со сидникатите и да ги слушнат нашите барања” вели Љубиша Каранфиловски.

Незадоволни од состојбите во здравството се и пациентите кои со години имаат проблеми со потребните лекови и термини. Притисокот за решавање на нивните проблеми засилува со формирањето на Алијансата на здруженијата на пациенти која најавува засилен притисок и активности за промени во здравствениот систем.