Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Здравствениот дом Делчево го збогати тимот со нови невролози

Здравствениот дом Делчево со почетокот на месец февруари  го збогати својот тим…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравствениот дом Делчево со почетокот на месец февруари  го збогати својот тим со двајца нови специјализирани невролози, кои веќе започнаа со работа во амбулантите за неврологија. Д-р Даниела Цоневска ќе работи во амбулантата во Делчево, а д-р Дарко Петровски во здравствената станица во Македонска Каменица. Како што изјави директорката, д-р Билјана Георгиевска, почнувајки од месец февруари пациентите веќе можат да закажат термин за прегледи.

-Овие денови започна со работа амбулантата за неврологија. Имаме двајца невролози кои се веќе готови специјалисти. Д-р Даниела Цоневска започна со работа во амбулантата за неврологија во Делчево, а д-р Дарко Петровски во амбулантата во Македонска Каменица. Од 2 февруари, значи од вчера, амбулантите се отворени и сите пациенти можат да закажат термин. Амбулантите се наоѓаат во здравствената станица во Македонска Каменица и една во Здравствениот дом Делчево. Ова е важна новина за граѓаните, бидејќи долго време се чекаше на специјалистички прегледи во неврологијата, изјави за МИА, Георгиевска.

Минатата година, како што истакна директорката, беа вработени пет нови лекари во Итната медицинска помош, а оваа година се планира испраќање на дополнителни двајца лекари на специјализации по трудова медицина и радиологија.

Реклама

-Со тоа очекуваме зголемување на персоналот и во Итната медицинска помош. Истовремено, продолжуваме со активностите за подобрување на здравствените услуги и планираме дополнителни специјализации за нашите лекари, рече д-р Георгиевска.

Таа напомена дека здравствениот дом исто така работи на проширување на влезот и воведување на одделен влез за Итната медицинска помош, заради што веќе се разгледуваат сите можности за решавање на овој проблем, бидејќи според неа е важно пациентите да добијат побрза и безбедна услуга, особено во критични ситуации.

Во рамките на подобрување на условите за работа во установата, во моментот се врши уредување на дворното место

-Добивме садници за уредување на дворот благодарение на донацијата од фирмата Европа 92, а кога сме кај донациите имаме и нови компјутери од фирмата Постоловски. Очекуваме и дополнителна медицинска опрема која ќе биде ставена во функција за граѓаните, со цел сите пациенти да имаат пристап до современи и квалитетни услуги, потенцираше директорката.

И оваа година како што додаде таа продолжуваат и постојните специјализирани услуги, меѓу кои кардиологија, неврологија, ортопедија и урологија, а наскоро во тимот ќе биде вклучен и дипломиран психолог.

Истовремено, се преговара со други специјалисти кои ќе доаѓаат во Делчево за да им обезбедиме што поширок спектар на услуги на нашите граѓани, заклучи д-р Билјана Георгиевска.