Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Прилози

Завршува реконструкцијата на патот од Охрид до Свети Наум

После цели 4 децении регионалниот пат Охрид-Свети Наум во должина од 24…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После цели 4 децении регионалниот пат Охрид-Свети Наум во должина од 24 километри е целосно рехабилитиран.Станува збор за инестиција тешка над 11 милиони евра, пари обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. На овој начин се подобри прегледноста на патот што е најзначаен сегмент за учесниците во сообраќајот.

”Извршивме растоварување на косините од нестабилен карпест материјал и монтиравме заштитна челична мрежа на косините. На овој начин се подобри прегледноста на патот што е најзначаен сегмент за учесниците во сообраќајот.Oбезбедивме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија.Реализараме проекти со кој ја подобруваме патната мрежа во охридскиот регион и во нашата убава Македонија”, изјави Коце Трајановски- директор на ЈПДП

Останува во период кон следи да се постави вертикалната сигнализација,сообраќајните знаци, како и означувањето на хоризонталната сигнализација.Од јавото претпријатие истакнуваат дека привршува и поставувањето и на еластичната одбојна ограда.

Реклама

По магистралниот пат Охрид-Свети Наум кој со децении беше црна точна бидејќи се случуваа голем број сообраќајни несреќи, ова лето ќе се вози безбедно.Рехабилитацијата на оваа гравна туристичка сообраќајница заврши онака како што беше предвидено, пред почетокот на туристичката сезона. Патниот правец има и регионално значење бидејќи ја поврзува дестринацијата и со соседна Албанија.

За зголемување на безбедноста во сообраќајот, извршена е санација на нестабилните косини, монтирана е заштитна челична мрежа и поставена е ограда на дел од патот.

Сорехабилитација на патот Охрид-Свети Наум која започна во август 2023 година не само што се подобри патната инфраструктура ,реализацијата на пректот значи подигнување на  квалитетот на туристичкиот и економскиот потенцијал што ќе овозможи и развој на  охридскиот регион.