Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Завршува партерно уредување околу спортската сала во Куманово

Во завршна фаза е партерното уредување околу објектот на спортската сала во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во завршна фаза е партерното уредување околу објектот на спортската сала во Куманово. Се средува просторот, се привршуваат деталите и наскоро целата локација ќе изгледа онака како што треба -и нформираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Станува збор за проект за кој Општина Куманово аплицираше на вториот владин повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. За партерно уредување, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки, одвоени се над 17,6 милиони (17.622.823,28) денари со данок на додадена вредност.

Паралелно со овие активности, во тек е и изградбата на системот за греење и вентилација, кој е од особено значење за обезбедување современи услови за функционирање на салата. Инфраструктурните зафати за спортската сала се однесуваат за партерно уредување, реконструкција на спортска сала и изградба на систем за ладење и греење, како и за електрика, фотоволтаици, реконструкција, односно изградба на фотоволтаичен систем на спортската сала. Реконструкцијата на салата, изминатиов период опфати замена на кровниот покривач со изолација, поставени се нови епоксидни подови, обновени се сите санитарни јазли, реконструирана е фекалната и атмосферската канализација.

Реклама

Салата доби и нови соблекувални, теретана, современ систем на осветлување, нов семафор и реконструирани трибини. Според Општина Куманово, објектот сега функционира согласно стандардите на ФИБА.