Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Завршна декларација од самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес

Иднината на Западниот Балкан, е во ЕУ, и затоа уште еднаш ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иднината на Западниот Балкан, е во ЕУ, и затоа уште еднаш ја потврдуваме нашата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на регионот во Унијата, се наведува во предлог-завршната декларација на самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи утре во Брисел и на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од Министрите за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за Европски прашања, Орхан Муртезани.

Како што е наведено во декларацијата од Гранада проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и просперитетот.

Забрзувањето на пристапниот процес заснован на кредибилни реформи од страна на партнерите, правична и ригорозна условеност и принципот на индивидуални заслуги, е во наш заеднички интерес. Се наведува во предлог-текстот на декларацијата.

Реклама

Во текстот се посочува дека помирувањето, регионалната соработка и добрососедските односи се сржта на Европската Унија, па затоа од суштинско значење е спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со видливи резултати вклучително и на Преспанскиот договор со Грција и договорот за пријателство, добрососедство, и соработка со Бугарија.

Во декларацијата се нагласува и дека планот за раст на Западниот Балкан има потенцијал да го удвои економскиот раст на регионот во следната деценија.