Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Заврши манифестацијата Денови на поезијата во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“

– Да се говори вистината во време на опресија, исполнето со цинични…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да се говори вистината во време на опресија, исполнето со цинични лаги и лажни реалности, бара смирена храброст и бистрина на умот. Тоа е мечот на духовниот воин. Тоа е моќта на поезијата – изјави познатата естонска поетеса Дорис Карева на отворањето на третото издание на манифестацијата Денови на поезијата, што се одржа во Скопје, во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“.

Годинава се одбележаа многубројни јубилеи на основоположници на современата македонска поезија и на современи автори; публиката слушаше стихови од нашите етаблирани поети, но и од најмладите; ученици од основните и средните училишта од целата земја се натпреваруваа кој поубаво ќе прочита песна, а некои од нив учествуваа во интерактивни програми, пишуваа песни и ги читаа на поетската сцена. 

Покрај поезијата на Блаже Конески и Анте Поповски, до широката публика повторно допреа и стиховите на Лира Бојку, Петар Т. Бошковски, Атанас Вангелов, Ристо Василевски, Видое Видичевски, Вероника Димоска, Илхами Емин, Гордана Јовиќ-Стојковска, Ефтим Клетников, Васил Куноски, Саранда Мехмеди, Нино Наумовски, Волче Наумчески, Елена Пренџова, Васил Пујовски, Михаил Ренџов, Михајло Свидерски, Милена Силјаноска, Стефан Спасовски, Љупчо Стојменски, Јован Стрезовски, Виолета Танчева-Златева, Љубен Ташковски, Катица Ќулавкова, Светлана Христова-Јоциќ, Иван Чаповски и Лејла Шериф-Емин.

Реклама

Врски меѓу поезијата и публиката воспоставуваа Дамјан Атовски, Јулијана  Величковска, Софија Гогова-Врчаковска, Теона Крстеска, Сергеј Настески, Андреј Наунов, Владимир Мартиновски, Андреј Медиќ Лазаревски, Петар Ренџов, Поетроника (Андреја Салпе и Оливер Митковски), Никола Ристановски, Антонио Трајковски, Игор Џамбазов и Јасмина Шопова.