Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Заврши манифестацијата Денови на поезијата во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“

– Да се говори вистината во време на опресија, исполнето со цинични…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Да се говори вистината во време на опресија, исполнето со цинични лаги и лажни реалности, бара смирена храброст и бистрина на умот. Тоа е мечот на духовниот воин. Тоа е моќта на поезијата – изјави познатата естонска поетеса Дорис Карева на отворањето на третото издание на манифестацијата Денови на поезијата, што се одржа во Скопје, во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“.

Годинава се одбележаа многубројни јубилеи на основоположници на современата македонска поезија и на современи автори; публиката слушаше стихови од нашите етаблирани поети, но и од најмладите; ученици од основните и средните училишта од целата земја се натпреваруваа кој поубаво ќе прочита песна, а некои од нив учествуваа во интерактивни програми, пишуваа песни и ги читаа на поетската сцена. 

Покрај поезијата на Блаже Конески и Анте Поповски, до широката публика повторно допреа и стиховите на Лира Бојку, Петар Т. Бошковски, Атанас Вангелов, Ристо Василевски, Видое Видичевски, Вероника Димоска, Илхами Емин, Гордана Јовиќ-Стојковска, Ефтим Клетников, Васил Куноски, Саранда Мехмеди, Нино Наумовски, Волче Наумчески, Елена Пренџова, Васил Пујовски, Михаил Ренџов, Михајло Свидерски, Милена Силјаноска, Стефан Спасовски, Љупчо Стојменски, Јован Стрезовски, Виолета Танчева-Златева, Љубен Ташковски, Катица Ќулавкова, Светлана Христова-Јоциќ, Иван Чаповски и Лејла Шериф-Емин.

Реклама

Врски меѓу поезијата и публиката воспоставуваа Дамјан Атовски, Јулијана  Величковска, Софија Гогова-Врчаковска, Теона Крстеска, Сергеј Настески, Андреј Наунов, Владимир Мартиновски, Андреј Медиќ Лазаревски, Петар Ренџов, Поетроника (Андреја Салпе и Оливер Митковски), Никола Ристановски, Антонио Трајковски, Игор Џамбазов и Јасмина Шопова.