Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Заврши екстерното тестирање на матурантите

Конечно на матурантите им се кратат маките. Денеска завршува полагањето на екстерните предмети на државната матура. Според првите проценки на Државниот иситен центар полагањата се одвивале во најдобар можен ред и без никакви нерегуларности. Препишувања и ученици со телефони сепак имало. „Некаде околу 30 ученици беа откриени со телефони, истите им беа одземени и за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конечно на матурантите им се кратат маките. Денеска завршува полагањето на екстерните предмети на државната матура. Според првите проценки на Државниот иситен центар полагањата се одвивале во најдобар можен ред и без никакви нерегуларности. Препишувања и ученици со телефони сепак имало.

„Некаде околу 30 ученици беа откриени со телефони, истите им беа одземени и за тие ученици испитот е завршен. И се да напишале нивниот испит ќе биде поништен така што ќе треба да полагаат во августовската сесија.“- вели директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска.

Од Испитниот центар велат дека се уште е рано за резултати и анализи на нивото на знаење. Истите се очекува да бидат достапни за еден месец од сега.

Реклама

„За нивото на знаење не можеме да дадеме анализи додека не ги добиеме резултатите од страна на нашите оценувачи кои што ќе работат во периодот што следи на оценување на тестовите. Кога ќе ги оценат тогаш ќе се пристапи кон анализа на податоците и ДИЦ некаде до крајот на годината ќе излезе со комплетен извештај.“ – вели Јовчевска Михајловска.

Доколку има ученици кои не се задоволни од резултатите, мислат дека се оштетени или заслужуваат поголема оцена од онаа што ја добиле можат да поднесат приговор преку нивното средно училиште. По поднесувањето на приговорот, се формира комисија што го разгледува секој тест посебно и носи одлука според истиот.