Завршен е проектот за партерно уредување на Градскиот пазар во Виница, чија реализација чинеше 8.726.582 денари, а средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт, соопшти Владата.
Со проектот, се додава во соопштението, е уреден просторот околу новиот Градски пазар, со што се создадени подобри услови за работа на продавачите, како и побезбедна и пофункционална средина за купувачите и за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот

Активностите опфатиле демонтажа на дотраената постојна ограда и старите подни обработки, поставување нова метална ограда и нова хидроизолациона подна обработка, како и монтажа на челични продажни пултови, односно тезги. Потпорните ѕидови се обложени со декоративен камен, а поставени се и клупи за седење.

-Партерното уредување е дополнување на изградбата на новиот затворен Градски пазар во Виница, кој се простира на површина од 1.810 квадратни метри и располага со 87 тезги, дуќани за продажба на различни производи, административна просторија и санитарни јазли – се наведува во соопштението, објавено на Фејсбук.
Видеото може да го погледнете на следниот линк:
