Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити синоќа ги посети уметниците кои учествуваат на ликовната колонија „Скопје на платно“, во пресрет на денешната изложба на нивните дела.
Како што информираат од Општина Чаир, уметниците во изминатите неколку дена твореле и ги подготвувале своите дела, а на изложбата ќе бидат претставени творби на вкупно 50 учесници.
Изложбата ќе биде отворена денеска од 10 до 13 часот, во Чифте амам, еден од препознатливите културно-историски објекти во Скопје.
Посетата на Меџити се случила додека уметниците ги довршувале своите дела и се подготвувале за нивното претставување пред јавноста, соопшти Општина Чаир.
