Реклама

Македонскиот игран филм „Утре наутро“, во режија на Јани Бојаџи, ја освои наградата за најдобра режија на 15. издание на – BaNeFF 2026 во Стокхлом

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Македонија

Град Скопје превентивно ги третира сообраќајниците пред најавениот снег, зимската служба ќе биде на терен цела ноќ

Екипите на зимската служба на Град Скопје од вчера доцните попладневни часови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипите на зимската служба на Град Скопје од вчера доцните попладневни часови превентивно интервенираат на градските сообраќајници по најавите за снежни врнежи, информира синоќа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

Тој посочува дека посебно внимание се посветува на повисоките делови од градот, особено на Водно, каде што веќе паднал првиот снег.

– Не чекаме да нѐ „изненади“, делуваме пред да падне првиот снег! Уште од доцните попладневни часови, по најавите за снег, екипите на зимската служба на Град Скопје превентивно дејствуваат на скопските сообраќајници. Посебно внимание посветуваме на повисоките места, особено на Водно, каде што веќе падна првиот снег – наведе Ѓорѓиевски.

Реклама

Градоначалникот најавува дека екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, со цел да се обезбедат проодни и безбедни улици за граѓаните.

– Додека снегот создава проблеми во регионот, ние остануваме на терен цела ноќ за скопјани и утре рано да тргнат по безбедни и проодни улици – објави Ѓорѓиевски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: