Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Завршена инсталацијата на системот за компримиран воздух на Клинички, во тек пробна работа

Министерството за здравство соопшти дека монтажа и инсталацијата на новиот систем за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство соопшти дека монтажа и инсталацијата на новиот систем за компримиран воздух на комплексот Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е целосно завршена. Новиот систем ќе обезбеди континуирано и сигурно снабдување со компримиран воздух, кој е неопходен за функционирањето на оперативните сали и други медицински установи во болничкиот комплекс.

Системот вклучува три современи компресори со придружна опрема, како резервоари, сепаратори, автоматски одвојувачи на кондензат, и специјализирани уреди за отстранување на влага и масло. Дополнително, заменет е и поставен бакарен цевен развод со приклучни места и разводни ормани, кои ги снабдуваат 12 оперативни сали и уште две сали на Клиниката за пластична хирургија.

„Системот моментално е во фаза на пробна работа, по што Министерството за здравство ќе одреди термин за краткотраен прекин на снабдувањето со компримиран воздух, за целосно поврзување на останатите корисници“, информираат од Министерството. И министерот за здравство, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил објави дека новиот систем за компримиран воздух е поставен на Клинички.

Реклама

– Со ова го подигнуваме стандардот за медицинските услуги во Клиничкиот центар. Новиот систем за компримиран воздух обезбедува висока ефикасност, сигурност и квалитет, што е од суштинско значење за операциите и лекувањето на пациентите. Посветени сме на модернизацијата на здравствените установи и ова е само еден од чекорите во таа насока – вели Таравари.