Реклама

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Прилози

Завршен настан на проектот ЕУ за економски раст

Европските пари стигнаа до дел од македонските компании. Четириесет и девет мали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европските пари стигнаа до дел од македонските компании. Четириесет и девет мали и средни фирми и претприемачи, го искористија грантот од над четири милиони евра од Европската Унија за производство и пласман на своите производи кои ги претставија на завршниот настан на проектот на ЕУ за Економски раст. Дел од нив со свои иновации, а дел пак инвестираа во нови машини и модернизација на производството. Меѓу највпечатливите е автоматската и дигитализирана машина за селекција, мерење и пакување јајца, технолошко решение кое значително го забрзува процесот и ја зголемува ефикасноста во прехранбената индустрија.

Ние набавивме машина за целосно автоматизирана машина за селекција мерење и пакување на јајца. Имавме машина но таа беше позастарена технологија ова е целосно дигитализирана и автоматизирана. Дава можност да се зголеми капацитетот за дупло повеќе. Чисто за илустрација оваа машина има капацитет за 46.000 јајца за пакување на час. Тоа значи дека нашето производство го завршуваме за три до четири часа“, изјави Абдулезел Догани – директор на „ВезеШари“.

Ѓорѓи Филиповски ја искористил поддршката од Европската унија за развој на стартап мобилна апликација која им овозможува на граѓаните да ги споредуваат цените во маркетите и да заштедат при секое купување.

Реклама

Средствата од ЕУ ги искористивме за креирање на нашиот стартап, „Бадијала“, мобилна апликација која ги собриа сите производи на промоција и акција од маркетите. Со смената на законот за трговски практики, да маркетите ги објавуваат јавно цените, се направи маркетите да б идат воочливи во нивните цени, но сепак акциите акциите претставуваат поевтина стапка за купување. Ако купуваш на акција, ние мериме имаш 30% помалку трошоци“, изјави Ѓорѓи Филиповски – основач на сајтот за промотивни цени „Бадијала.мк“.

Грантовите помогнаа и во креирањето дигитални алатки за земјоделците, апликации за мониторинг системи што им овозможуваат полесно управување со фармите, следење на производството и собирање на информации при донесувањето на правилни одлуки.

Проектот со поддршка на Владата на Македонија го поздрави и министерот за економија Дурмиши, кој на промоцијата директно се запозна и разговараше со дел од претставниците на компаниите. Тој смета дека на овој начин Европската Унија го зајакнува иновативниот потенцијал на економијата во Македонија, и ги охрабри компаниите да вложуваат во модерни технологии и решенија што носат одржливи резултати и производи со додадена вредност.