Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Завршен концерт на школата за византиска музика „Калистрат Зографски“ во Струга

Школата за византиска музика „Калистрат Зографски“, вечер со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе одржи завршен концерт на византиското псалмопеење, изведено од новите генерации ученици и хористи. Пред љубителите на духовната музика и културното наследство, ќе настапат детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Школата за византиска музика „Калистрат Зографски“, вечер со почеток во 20:00 часот во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе одржи завршен концерт на византиското псалмопеење, изведено од новите генерации ученици и хористи.

Пред љубителите на духовната музика и културното наследство, ќе настапат детскиот состав под раководство на протопсалт Теофан Санџакоски и диригент Ана Тихонова, женскиот состав под раководство на Теофан Санџакоски и машкиот хор под раководство на хороначалникот и протопсалт д-р Димитри Кумбароски.

Научно-истражувачкиот центар за византиска музика „Архимандрит Калистрат Зографски“ го носи името на истакнатиот игумен и архимандрит на светогорскиот општежителен манастир „Свети Григориј“ – Зограф, Калистрат Зографски (Крстан Санџак), родум од Струга.

Реклама

Центарот има за цел да ја претстави и афирмира византиската музикологија пред пошироката стручна и културна јавност во Македонија преку содржини на македонски јазик. Својата мисија ја остварува преку творечка и образовна дејност: иницирање образовни програми, развивање мултимедијални и онлајн ресурси, издавачка дејност, снимања, научни истражувања, мајсторски работилници и други активности посветени на зачувувањето и промовирањето на ова драгоцено духовно и музичко наследство.

Влезот на концертот е бесплатен.