Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Затворени споредните приклучоци на автопатот Охрид–Кичево кај Требеништа и Мешеишта, сообраќајот преку клучката кај аеродромот

СВР – Охрид ја информира јавноста дека од утре за сообраќај ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СВР – Охрид ја информира јавноста дека од утре за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези што привремено функционираа на автопатската делница Охрид-Кичево, во близина на селата Требеишта и Мешеишта, во атарот на Општина Дебрца.

Заради безбедно вклучување на автопатската делница во близина на тие населени места, возачите на моторни возила од утре исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“ до кој водат споредните изградени патишта надвор од автопатот.

Се упатува апел до возачите на моторни возила строго да се придржуваат кон односните насоки, да ја почитуваат поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализција, како и насоките на полициските службеници кои ќе вршат интензивни сообраќајни контроли на тој патен потег со цел, контрола и мерки кон возачи кои ќе се обидат непрописно да се вклучат и ќе го загрозат автопатскиот сообраќај.