Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Затворена Меѓународната ликовна колонија „Солеј“ во Созопол

Во Созопол, Република Бугарија, заврши Меѓународната ликовна колонија што се одржа во рамките на франкофонскиот фестивал „Солеј“, на која учествуваа уметници од повеќе европски и регионални земји, соопштуваат од Македонскиот културно-информативен центар во Софија. Република Македонија на оваа колонија беше претставена од ликовните уметници Сергеј Андреевски, Марјан Ѕингаров и Иво Пецов. Во текот на неколкудневниот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Созопол, Република Бугарија, заврши Меѓународната ликовна колонија што се одржа во рамките на франкофонскиот фестивал „Солеј“, на која учествуваа уметници од повеќе европски и регионални земји, соопштуваат од Македонскиот културно-информативен центар во Софија.

Република Македонија на оваа колонија беше претставена од ликовните уметници Сергеј Андреевски, Марјан Ѕингаров и Иво Пецов.

Во текот на неколкудневниот престој, учесниците работеа на создавање уметнички дела инспирирани од локалниот амбиент, при што колонијата претставуваше можност за размена на искуства, идеи и различни ликовни пристапи меѓу уметниците.

Реклама

Во рамки на програмата беа реализирани заеднички активности и презентации, со цел поттикнување на соработката и уметничкиот дијалог.

Организацијата и учеството на македонските уметници беа поддржани од Македонскиот културно-информативен центар во Софија, кој континуирано овозможува нивно присуство на меѓународни културни настани.

Со затворањето на ликовната колонија беше заокружено овогодишното издание на фестивалот „Солеј“.