Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Засилуваат активностите за финиширање на изградбата на фабриката за селекција на отпад во Прилеп

Првата современа фабрика за селекција на отпад во земјава, а која според…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првата современа фабрика за селекција на отпад во земјава, а која според шведски модел веќе подолго време се гради во Прилеп, влегува во својата завршна фаза. Станува збор за модерна технолошка селективна линија со капацитет да преработува до 10 тони отпад на час. Со ставањето во функција на овој капацитет, а кој ќе го управува ЈКП „Комуналец“, Општина Прилеп, но и регионот ќе добијат современа инфраструктура која ќе овозможи поефикасно раздвојување на отпадот на хартија, пластика, најлон, метал и други рециклирачки материјали.

„Ја плативме фактурата кон ЕВН за да почне да се спроведува кабелот за електрично напојување на оваа фабрика. Се надевам дека градежните активности ќе започнат да се случуваат и конечно да ја вклучиме под напон оваа фабрика. Има уште дел од обврски кои што треба да ги завршат изведувачите и на машинскиот, и на градежниот дел и сметам дека ќе завршат, и да не давам рокови, но ден поскоро да ја пуштиме во употреба“, – изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

Оваа фабрика е и своевидна компонента од идната регионална депонија во Новаци. Затоа, таа ќе биде користена и за комерцијални цели, односно ќе врши селекција на отпад и за соседните општини кои ќе го побараат тоа, бидејќи капацитетот на оваа фабрика ќе ги надминува дневните потреби на Општина Прилеп. Увид во градежните работи изврши и шведскиот амбасадор во земјава, кој изрази задоволство од сработеното, но и од пристапот на Општина Прилеп кон справувањето со отпадот и грижата за животната средина.

Реклама

„Вклучени сме во овој проект преку SALAR, вклучени сме во Регионалниот проект за управување со отпад и особено сме горди на фактот што Пелагонија и Прилеп всушност се водечки сили во рамките на целиот овој проект во однос на целата земја. Веќе се постигнати големи исчекори на овој план и се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме да работиме за состојбата да се унапреди“, – изјави Н.Е. Ола Сулстром, амбасадор на Шведска во Македонија.

Со цел што поуспешно управување со отпадот, деновиве во Прилеп беше пуштено во употреба и новото собирно место за правилно одлагање на електричен и електронски отпад, отпад од текстилни производи, стаклена амбалажа, хартија и пластика, за што е поставена и соодветна инфраструктура со 24-часовен надзор.