Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Започнуваат обуки за медицински персонал од Југоистокот во рамки на проектот „Heart Safe CBA“

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, утре и задутре, ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, утре и задутре, ќе ги започне обуките во рамки на прекуграничниот проект со Грција насловен „Кон прекугранична област, безбедна за срцето – Heart Safe CBA“.

Еднодневните обуки ќе се одржат во хотелот „Сириус“ во Струмица, а ќе ги спроведуваат четворица професионални тренери од Грција. Во првата фаза ќе бидат опфатени здравствените установи и службите за итна медицинска помош од општините Радовиш, Струмица, Валандово и Гевгелија, кои треба да ги добијат претходно најавените четири амбулантни возила.

Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион информираат дека во двата дена обуките ќе ги посетат 50 учесници – доктори, медицински и друг технички персонал.

Реклама

– Обуките ќе ги вршат партнерите на проектот, а во првата фаза се вклучени здравствените установи и Итната медицинска помош, односно доктори, медицински персонал и друг технички персонал. Во двата дена ќе поминат 50 учесници, а во втората фаза се предвидени обуки за општините и за граничните премини од овој регион – велат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. 

Оттаму информираат дека главниот фокус на проектот е зајакнување на здравствениот систем и подобрување на подготвеноста на заедниците во прекуграничниот регион меѓу Грција и Македонија за справување со срцеви удари и итни здравствени случаи.  Во проектот се вклучени Општата болница АХЕПА од Солун и Друштвото за итна претхоспитална нега на Грција.

Првите обуки, како што велат од Центарот, се таканаречени ILS обуки кои се всушност еднодневен курс наменет за Итната помош и Ургентните оддели. Преку курсот се добиваат основни познавања и вештини за згрижување на критичен пациент.

Во рамки на проектот е планирана и набавка и поставување на 18 автоматски мобилни дефибрилатори на јавни локации, општински објекти и граничните премини во Гевгелија, Дојран и Ново Село. Предвидени се и шест полуавтоматски дефибрилатори, шест ЕКГ апарати и четири целосно опремени амбулантни возила за потребите на здравствените домови.

Проектот се реализира преку „Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка“ меѓу Македонија и Грција за периодот 2021–2027 година, со кофинансирање од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички. Предвидено е да трае 24 месеци, со вкупен буџет од 1.217.146 евра.

Клучни цели на проектот се унапредување на системот за итна медицинска помош, да се зголеми подготвеноста за реагирање при срцеви итни случаи, а здравствените работници и граѓаните да добијат обуки за основна и напредна животна поддршка (BLS, ILS, ALS), со што ќе се постигне зголемување на свесноста и подготвеноста на населението за справување со здравствени кризи.