Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Прилози

Започна судскиот процес против Дејан Давидовски Дешо: Одбраната бара изземање на судијата Илија Трпков

Судијата Илија Трпков покажа пристраност кон Дејан Давидовски Дешо и не може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судијата Илија Трпков покажа пристраност кон Дејан Давидовски Дешо и не може да го суди предметот против него за собраниските настани од 27 април, смета неговата одбрана. Давидовски кој доби политички азил во Шведска заради политички прогон во времето на владата на Заев, за што проценка даде шведскиот врховен суд, пред неколку месеци се врати во Македонија и сега започна судскиот процес против него. Одбраната побара изземање на судијата, бидејќи во минатото веќе го искажал својот став токму околу Давидовски. Неговиот адвокат Тони Менкиноски, вели дека Трпков е инфициран кога е во прашање овој случај.

-Денеска судијата беше зачуден, но ние му доставивме докази, му доставивме ЦД снимка и на УСБ, во која очигледно се гледа дека тој е инфициран и има заземено став во врска со овој предмет кој денеска треба да го суди, а е пристрасен, изјави Менкиноски.

Одбраната изрази надеж дека Кривичниот суд ќе го прифати нивното барање. Според нив Трпков веќе постапувал во предметот „Организатори на 27 април“ и веќе се обидел да осуди лица за кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Велат дека ова создава сомнеж за негова пристрасност и не дава никаква гаранција за фер постапка за обвинетиот.

Реклама

-Еден предмет каде што шведскиот Врховен суд има одлучено дека се работи за политички азил, значи се работи за постапка која претходена на постапката во Македонија, значи дал негативно мислење и смета дека одлуката за која се товари не е тероризам, изјави Менкиноски.

Судијата Трпков во своето образложение при одлуката за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“, даде свој личен став околу статусот на Давидовски за овој предмет, со што јасно се доведува во прашање неговата непристраност.

-Каков ќе беше одговорот на системот ако вакви настани со тепање на парламентарци, кршење и демолирање се случеше во Парламентот на Шведска и на Грција. Можеме само да замислиме, но сигурно без разлика дали ќе беше третиран како терористичко загрозување на нивниот систем, одговорот ќе беше брз, експедитивен и ќе имаше судска завршница, кажа судијата Трпков на 23-ти јануари годинава.

Шведскиот Врховен суд пред неколку години не го прифати барањето на македонските власти да го испорача  Дејан Давидовски Дешо, со образложение дека тој е жртва на политички прогон, бидејќи наместо за протест, обвинет е за тероризам.

Матеја Петровски