Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Колбе: Историска вечер во Атина – промовирано грчкото издание на книгата „Егејци“

Ова е историски настан, историска вечер, неверојатно е да се видат толку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова е историски настан, историска вечер, неверојатно е да се видат толку образовани луѓе како зборуваат за оваа тема, книгата не е политички спис, туку е едно сведоштво за траумата што има универзална и хуманистичка димензија – изјави Кица Колбе само неколку минути по завршувањето на промоцијата на грчкото издание на книгата „Егејци“, што синоќа се одржа во книжарницата „Ианос“ во центарот на Атина и беше собир на интелектуалци и познавачи на конкретната проблематика, а помина во пријатна, но и на моменти емотивна и трогателна атмосфера и заврши со македонска песна.

Промоцијата, која траеше повеќе од два часа, се одржа во „Ианос“, една од најпознатите книжарници во Атина, што воедно е еден од познатите книжевни и културни центри во грчката метропола, што, освен како книжарница, функционира и како значаен простор за културни настани, промоции на книги, книжевни разговори и средби со автори и интелектуалци.

По 27 години откако беше напишана, „Егејци“ сега е достапна во книжарниците во Грција, во превод на грчката професорка Александра Јоаниду, а на вчерашната официјална промоција говореа издавачот Стелиос Пецопулос од издавачката куќа „Агра“, историчарите Леонидас Ембирикос и Спирос Каравас, антропологот Марика Ромбу-Левиди, како и преведувачката и авторката.

Реклама

На корицата е семејна фотографија на авторката, а под името на книгата пишува дека преводот на Александра Јоаниду е од македонски јазик за што издавачот Пецопулос посочи дека токму од оваа причина неколку книжарници ја одбиле книгата бидејќи рекле дека јазикот требало да биде славомакедонски, а не македонски.

Сепак, промени не биле направени, јазикот останал онака како што е признаен и прифатен – македонски, а присутните на промоцијата имаа можност и да го чујат – авторката Колбе им се обрати на мајчинот јазик не криејќи ја својата емотивност за целиот настан.

– Доаѓам во Грција со маслиново гранче за да понудам пријателство и мир – им порача Колбе на присутните.

Говореше за болната судбина на прогонот, за она што како дете го зачувала како спомен и успеала да го пренесе на хартија првично на македонски, а сега достапно и за грчките читатели.

Рече дека траумата на бегалците не е само за оние што до доживеале тоа, туку се пренесува на следните генерации и објасни дека тежината што ја наследила како дете ја направила писателка.

Историчарот Леонидас Ембирикос им упати честитки на авторката, преведувачката и на издавачот што македонскиот јазик е споменат на самата корица бидејќи, како што објасни, тоа не е нешто што е вообичаено и што се подразбира во Грција.

За самата книга, рече дека „пристапува на исклучително помирувачки начин“ и изрази задоволство што едно вакво дело сега е достапно и на грчки јазик.

Професорот по историја Сприос Каравас посочи дека „светот на Егејците е непознат за Грција“, а токму книгата, автобиографскиот печат на Колбе, сега и на грчки јазик, е можност за запознавање со ова прашање.

Нагласи дека исто толку меланхолични се и оние што останаа, а не само оние што беа протерани, кои заминаа и никогаш не се вратија.

Антропологот Марика Ромбу-Левиди објасни дека за бегалците да се вратат во своите домови, требало да се напишат „Грци по род“, а за другите вратата останала затворена, нешто што воопшто не било споменато, ниту решено со Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција од 1995 година, а Преспанскиот договор „задоцни, бидејќи децата бегалци веќе беа стари за враќање“.

Посочи дека самата книга е особено важна бидејќи е „храбра и искрена“ и отвора патишта.

Говореше и за напуштените погранични села во Грција, онаму од каде што биле протерани луѓето за време на граѓанската војна, претставувајќи и фотографии од куќи и домови што сега се само урнатини.

За време на дискусијата во „Ианос“, а се осврна и на „Бапчорките“, женската вокална група од Бапчор, со традиционални македонски песни, а на присутните им ја раскажа својата лична приказна, со оглед на тоа што мајка ѝ Лета Барџиева беше водечки вокал, и споменувајќи ја песната „Разболе ми се Калина“.

Овој дел не остана незабележан од една од присутните, на крајот од промоцијата вокалистката Хриса Пападопулу отпеа дел од конкретната песна на македонски јази, а подоцна стиховите ги преведе на грчки јазик.

Изнуди аплаузи од присутните, видна трогнатост, но и благодарност од авторката, а вечерта посветена на „Егејците“ заврши со музика и песна од родното место на семејството на Колбе, но и родно место на илјадници деца бегалци.

Кусо по завршувањето, во разговор со дописничката на МИА од Атина, Колбе ги пренесе своите впечатоци од промоцијата, рече дека е восхитена и од луѓето што говореа на настанот, но и од тоа како помина целата дискусија.

– Неверојатно е колку се храбри овие луѓе, промоторите, колку се сочувствителни, колку темелно ја познаваат проблематиката поврзана, прво со македонското прашање, во еден долг период, но и храброст, како демократски умови, да се соочат со она што до денес беше премолчувано – посочи Колбе.

Додаде дека токму затоа станува збор за историски настан посочувајќи дека она што беше напишано пред 27 години, веројатно малкумина го разбраа во Македонија, „но во Грција го разбраа вистинските луѓе, дека тоа не е никаков политички спис, туку е едно сведоштво за траумата, а кое е универзално и хуманистичко“ бидејќи потребно е „да сведочиме за страдањата“.

– Мислам дека оваа вечер е историска во смисла што навистина тука, во оваа просторија, се случува нешто што во Европа беше нормалност пред 50 години, но на Балканот е новост, затоа што на Балканот никогаш не почнаа процеси на соочување со минатото, ниту процеси на емпатија и сочувство кон оние што биле жртви, но и на самокритика. Затоа што е најтешко е да се прифати дека сопствениот народ направил нешто што не е убаво и на Балканот е вообичаено сите народи да бидат многу горди и да веруваат дека никогаш не направиле ништо лошо и сите се жртви. Сè се премолчува. И никогаш не се доаѓа до процес на општествена преобразба. Она што се случува овде треба да се случи и во Бугарија, и во Македонија, и во Србија, и во Хрватска. За жал, секаде е сосема поинаку. А културниот империјализам повторно е во мода – рече Колбе за МИА.

Нагласи дека ваквите настани и културни размени се корисни за двете земји, дека Македонија мора да гради пријателство, да бидеме проактивни, а токму ова е пример за тоа, но и дека треба уште повеќе да се вклучат и интелектуалците, писателите, духовната елита.

Рече дека, лично за неа, сето ова е многу емотивно, затоа што многу долго чекала да ја слушнат Грците и особено ѝ е драго што во публиката сите беа Грци.

На промоцијата присутните беа Грци, некои по потекло од северниот дел на земјата, од селата во кои се говори македонскиот јазик, други без никаква поврзаност со егејскиот дел, но сите изразија особен интерес за конкретната тема велејќи дека е нешто што можеби сè уште е табу во земјата, со книгата в раце, потпишана од авторката, заминувајќи си од „Ианос“, коментираа дека со задоволство и нетрпение чекаат да ја прочитаат.