Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Одбележан 12 Ноември – Денот на ослободувањето на Драчево

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска положи свежо цвеќе пред спомен-плочата кај Домот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска положи свежо цвеќе пред спомен-плочата кај Домот на културата, по повод одбележувањето на 12 Ноември, Денот на ослободувањето на Драчево. Настанот беше во организација на Сојузот на борци на Македонија и поддржувачи на борците од Кисела Вода.

Како што соопштија од општината, преку оваа свеченост беше одбележано херојското минато и денот кога Драчево ја извојува својата слобода.

Во рамки на настанот, учениците од двете основни училишта во Драчево, ООУ „Св. Климент Охридски“ и ООУ „Кузман Шапкарев“, приредија пригодна програма. Во знак на благодарност за континуираната поддршка и соработка во активностите за негување на спомените од Народноослободителната борба, Сојузот на борци и врачи Благодарница на Општина Кисела Вода.

Реклама

Во своето обраќање, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска го истакна историското значење на овој ден и оддаде почит на хероите од Дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада

-Пред 82 години, 500 храбри борци со малку оружје, но со огромна желба за слобода, придружени од младинците на Четвртиот скопски партизански одред, тргнале во одлучувачка битка. Денес се присетуваме на нивната жртва, на херојството на железничката станица во Драчево, како и на нивната заслуга хидроцентралата Матка да остане неурната. Веднаш по ослободувањето на Драчево, овие херои се упатиле кон Скопје, каде утредента се вклучиле во жестоките битки и биле дел од единиците што ја донеле слободата на главниот град. Во тие борби паднале многу херои чии имиња се трајно врежани во нашата колективна меморија. Нивното херојство е наш аманет кој мора да го пренесеме на генерациите по нас. Нека им е вечна слава! – истакна Стаменкоска Трајкоска.