Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Инспектори на ИЦАО ќе го проверуваат македонското цивилно воздухопловство по 17 години пауза

По пауза од 17 години, тим инспектори на Меѓународната организација за цивилно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По пауза од 17 години, тим инспектори на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) од вчера престојуваат во земјата, каде што во наредните две недели ќе ја проверуваат усогласеноста на македонското цивилно воздухопловство со најновите меѓународни стандарди и регулативи.

Како што стои во соопштението на Агенцијата за цивилно воздухопловство, инспекцијата се спроведува на покана на Агенцијата и треба да овозможи независна оценка на примената на меѓународните барања, утврдување на силните страни на системот, но и идентификување на евентуалните недостатоци и областите во кои се потребни подобрувања.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, истакнува дека отвореноста кон независна и непристрасна проверка е важен дел од одговорното управување и градењето доверлив воздухопловен систем.

Реклама

– Верувам дека независната и непристрасна инспекција е најдобриот начин да оцениме колку успешно ја извршуваме нашата работа и каде можеме дополнително да се подобриме. Имаме обврска и одговорност отворено и професионално да се соочиме и со наоди доколку такви бидат утврдени бидејќи објективното согледување на реалната состојба е единствен начин за изнаоѓање соодветни и одржливи решенија за подобрување на системот – наведува Стојаноски.

Препораките од инспекцијата ќе послужат како основа за планирање идни активности и унапредување на процесите за дополнително подигнување на безбедноста во цивилното воздухопловство.

Од Агенцијата ја нагласуваат важноста на професионалната соработка, транспарентноста и активното учество на сите вклучени субјекти во текот на проверката, со цел добивање реална слика за функционирањето на системот и утврдување конкретни насоки за негово натамошно зајакнување.

Агенцијата останува посветена на унапредување на регулаторниот и надзорниот систем и доследна примена на меѓународните стандарди.