Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска додели признанија на 14 најдобри вработени во градинките во Кисела Вода

​Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска додели признанија и награди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

​Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денеска додели признанија и награди за 14 најдобри вработени во двете јавни детски градинки на територијата на општината – ЈДГ „8 Март“ и ЈДГ „Весели Цветови“.

Оваа значајна иницијатива, како што соопштија од локалната самоуправа, уследи по претходно објавениот јавен повик, кој ги опфати сите категории вработени во градинките: административните работници, давателите на јавни услуги и помошно-техничкиот персонал.

По извршената евалуација на пристигнатите пријави од страна на надлежната Комисија, биле избрани кандидатите кои ги исполнуваа предвидените услови и критериуми.

Реклама

-Ова признание претставува израз на длабока благодарност и почит кон нашите вработени за нивната професионалност, одговорност и секојдневен придонес во работењето, како и во унапредувањето на квалитетот на услугите во јавните детски градинки. Наградени се луѓе од различни работни позиции бидејќи ја вреднуваме улогата на секој поединец во нашата заедничка мисија: обезбедување квалитетна, грижлива и безбедна средина за најмладите – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска.

На свеченоста, признанија беа доделени на следните истакнати работници: ЈДГ „8 Март“: Марија Спасовска, Мирјана Ѓорѓиоска, Билјана Велковска, Татјана П. Јанушевска, Валентина Перовска, Христина Велковска, Христина Блажевска.
 ЈДГ „Весели Цветови“: Тања Јанкуловска, Габриела Стојановска, Маја Џ. Тодоровска, Наташа Живковска, Мара Стефковска, Жаклина Тодоровска, Нуредин Нусред.