Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Божиновска меѓу светските лидери на СОР31: Фокус на енергетската транзиција и иднината на македонскиот енергетски сектор

– Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска е дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која учествува на лидерскиот самит во рамките на 31. конференција на страните на рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31), што се одржува во Анталија, Република Турција.

Како претставник на македонскиот енергетски сектор министерката Божиновска е дел од меѓународниот собир на кој присуствуваат лидери и високи претставници од 191 земја, а во фокусот се одлуките и политиките што ќе ја определат динамиката на глобалната енергетска и климатска транзиција. Нејзиното присуство е важно за непосредно следење на новите меѓународни насоки, размена на искуства со земјите учеснички и согледување на можностите за партнерства и инвестиции што може да ја поддржат трансформацијата на македонскиот енергетски систем – се наведува во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.  

За Македонија, како што се нагласува, ова прашање има особено значење во период кога државата поставува амбициозни климатски цели – намалување на нето-емисиите на стакленички гасови за најмалку 80 проценти до 2035 година и постигнување климатска неутралност до 2050 година. Нивното исполнување во голема мера зависи од промените во енергетиката: зголемување на производството од обновливи извори, модернизација на електроенергетската инфраструктура, подобрување на енергетската ефикасност и обезбедување стабилно и достапно снабдување со енергија. 

Реклама

Токму затоа, присуството на министерката Божиновска на COP31 е можност националните енергетски приоритети да се согледаат во контекст на глобалните политики, новите технологии и финансиските механизми за нивна реализација. Посебно значајни се меѓународната поддршка и инвестициите потребни за забрзување на енергетската транзиција, при што промените треба да бидат економски одржливи и да обезбедат сигурност за граѓаните и стопанството.

Лидерскиот самит во Анталија, кој се одржува на 11 и 12 ноември, е посветен на преминот од преземени климатски обврски кон нивно конкретно спроведување. За Македонија, учеството во овие разговори е значајно за да биде дел од процесите во кои се обликуваат идните енергетски политики и да ги искористи можностите за соработка, што ќе придонесат кон побрз развој на почист, посигурен и поконкурентен енергетски сектор – наведуваат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.