Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Започна првата фаза од реновирањето на спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево

Започна реализацијата на првата фаза од реновирањето на спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево, проект кој се спроведува во соработка помеѓу Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, како краен корисник на објектот. Во рамките на оваа фаза како што информираа од Општината ќе се изврши целосна демонтажа на постојниот и дотраен систем за греење, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна реализацијата на првата фаза од реновирањето на спортската сала „Јане Сандански“ во Пехчево, проект кој се спроведува во соработка помеѓу Општина Пехчево и ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, како краен корисник на објектот.

Во рамките на оваа фаза како што информираа од Општината ќе се изврши целосна демонтажа на постојниот и дотраен систем за греење, како и инсталација на нов систем за затоплување кој ќе обезбеди повисока енергетска ефикасност, поголема сигурност во работењето и подобри услови за користење на спортската сала во текот на целата година.

-Проектот се финансира со сопствени средства и претставува значаен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во општината. Новиот систем за греење ќе овозможи непречено користење на салата во зимски услови, како за учениците од ООУ „Ванчо Китанов“, така и за спортските клубови и граѓаните, информираа од Општина Пехчево.

Реклама

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, кој изврши увид во работите истакна дека станува збор за инвестиција која директно придонесува за подобри услови за спорт и рекреација, додека директорката на ООУ „Ванчо Китанов“ Пехчево, Емилија Станоевска, ја нагласи важноста на проектот за подобрување на условите за реализација на наставата по физичко образование и спортските активности.

Ова е прва фаза од планираното реновирање на спортската сала, со што продолжуваат заложбите за модернизација на јавната инфраструктура и создавање подобри услови за младите и локалната заедница.