Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Започна првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мостот во Драчево до ОХИС

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во почетните градежни активности на првата фаза од реконструкцијата на локалниот пат од мост Драчево до ОХИС.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, овој значаен инфраструктурен зафат се реализира со средства обезбедени преку Унгарскиот кредит (Проекти фаза 2) од Владата на Македонија, а се изведува преку договор со Министерството за транспорт.

Трасата е со вкупна должина од 1.173 метри. По претходно извршеното сеопфатно чистење на децениските диви депонии кои се создавале по нејзината должина, почетните активности сега опфаќаат широк ископ и одвоз на земјен материјал. По ова, ќе следи вградување на дробен камен за целосна стабилизација на долниот и горниот строј на улицата пред нејзиното асфалтирање.

Реклама

Проектот опфаќа изградба на коловоз со ширина од 5 метри, како и тротоари од двете страни на улицата со широчина од по 1,5 метри. Коловозот ќе биде зајакнат со два слоја асфалт. Вкупно, со овој проект ќе се вградат приближно 6.000 квадратни метри нова асфалтна површина и ќе се поплочат тротоари од 3.000 квадратни метри, со што трајно ќе се обезбеди квалитетно и функционално решение за сите учесници во сообраќајот.  

– Денеска ги означуваме почетните активности од првата фаза на реконструкцијата на локалниот пат од мост Драчево до ОХИС. Ова е уште едно ветување кое го преточуваме во реалност, бидејќи нашите граѓани заслужуваат модерна, сигурна и инфраструктурно уредена општина. На оваа траса од 1.173 метри, го обновуваме коловозот кој ќе биде со ширина од 5 метри и градиме нови пешачки патеки од по 1,5 метри од двете страни. Со ова трајно обезбедуваме едно квалитетно и функционално решение за сите учесници во сообраќајот. Зад ваквите силни инвестициски циклуси стои одличната синергија со централната власт, и затоа упатувам искрена благодарност до Владата на Македонија и Министерството за транспорт, кои препознаа дека вложувањето во локалната инфраструктура е вистинско вложување во секојдневието и иднината на нашите жители – изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.