Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Започна пријавувањето штети од голомразица во Делчево

Започна пријавувањето штети на земјоделските насади предизвикани од природната непогода – голомразица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна пријавувањето штети на земјоделските насади предизвикани од природната непогода – голомразица што ја зафати територијата на Општина Делчево во текот на мај 2026 година.

Од локалната самоуправа ги повикуваат сите граѓани кои претрпеле материјални штети да поднесат барања во архивата на Општината. Пријавувањето ќе се врши во периодот од 7 до 21 мај, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Со барањето, апликантите треба да достават копија од лична карта, доказ за користење на земјиштето (имотен лист, договор за закуп или решение за регистрација на земјоделско стопанство) и трансакциска сметка. Од Општината нагласуваат дека нецелосните апликации нема да бидат разгледувани.

Реклама

Со потпишување на барањето, барателите ја потврдуваат веродостојноста на доставените податоци и даваат согласност за користење на личните податоци за потребите на постапката.

Надлежните апелираат земјоделците навремено да ги пријават штетите со цел побрза проценка и евентуално обештетување.