Реклама
Македонија

Започна овогодинешното издание на манифестацијата „Пастрамалијада“ во Штип

Викендов Штип ќе биде градот кон кој водат сите патишта во Македонија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Викендов Штип ќе биде градот кон кој водат сите патишта во Македонија. Со сечење на џиновската пастрамаилија започна овогодинешното издание на манифестацијата „Пастрамалијада“. Гурманскиот специјалитет кој е еден од најпрепознатливите белези на Штип, викендов ќе  му донесе на градот околу 100.000 посетители. Се очекуват гости од целата држава, но и од соседните земји кои ќе ја раздвижат локалната економија.

  •    „Она што мора да го потенцирам е тоа што во наредните два дена Штип, ќе има финансиски прилив на средства кои ќе ја поддржат локалната економија, всушност тоа е суштината на одржување на Пастрамалијадата како манифестација„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Штип, е во фокусот на Владата, порача вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски. Тој потенцираше дека со проектите кои во моментот се работат, но и се планираат Штип, освен универзитетски, ќе стане и туристички центар во источниот дел на државата.

  •    „Интензивно се работи на браната Отиња, но исто така и на целосна урбанизација околу браната . Она што е Мавровското Езеро е за западниот, браната Отиња ќе биде за источниот. Штип освен универзитетски и бизнис центар ќе стане и туристички центар . Во таа насока е и урбанизацијата околу бањата Кежовица. И таму има голем туристички потенцијал„ изјави Александар Николовски, вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Во рамки на манифестацијата на шеталиштето Ванчо Прќе се поставени десет штандови  од каде посетителите ќе може да си купат од штипскиот специјалитет. Пастрамаилијата ќе се продава по цена од 220 денари. Дополнително штандови ќе бидат поставени и на градскиот стадион каде ќе се одвива концертниот дел. Ќе настапат Елена Ристевска, Владо Јаневски, а во сабота ѕвезда на настанот ќе биде Дино Мерлин.