Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Започна изградбата на спортска сала во Црешево вредна 34 милиони денари – Јаневска и Стефковски на увид во градежните активности

Иднината на државата се создава во училиштата и затоа од исклучителна важност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иднината на државата се создава во училиштата и затоа од исклучителна важност е сите деца да имаат пристојни услови за едукација, а нивните наставници да бидат мотивирани и да имаат можности добро да ја извршуваат својата благородна мисија.

Како Влада се посветивме на инфраструктурата во образованието и во изминатите 16 месеци и вложивме 67 милиони евра – 32 преку Министерството за образование и наука (МОН) и 35 преку повикот на Владата за распределба на средства кон општините за образовни проекти.

Ова го истакна денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска која заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, изврши увид во изградбата на спортската сала во рамки на ОУ „Наум Охридски“ во Црешево.

Реклама

Како што информираат од МОН, Јаневска во своето обраќање истакнала дека инвестицијата во спортската сала е резултат на добрата соработка помеѓу Владата и општината и дека објектот ќе овозможи квалитетна реализација на наставата по физичко образование, но и ќе поттикне поголема физичка активност на децата по завршувањето на часовите. 

– Инвестицијата во спортската сала е токму резултат на добрата соработка помеѓу Владата и општината. Објектот ќе овозможи квалитетна реализација на наставата по физичко образование, но и ќе поттикне поголема физичка активност и спортување на децата по завршувањето на часовите, рече Јаневска потенцирајќи дека квалитетната спортска инфраструктура придонесува за градење здрави генерации со вистински вредности – со натпреварувачки дух, упорност, тимска работа, емпатија и меѓусебна почит.

Министерката нагласила дека ќе продолжат инвестициите во образованието со зголемен буџет. Во текот на мандатот Владата, нагласила Јаневска, ќе изгради уште 30 училишни спортски сали и ќе реконструира 15 постоечки во различни општини.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Стефковски, посочил дека по 61 година учениците од Црешево, Виниче и Смилковци кои своето основно образование го поминуваат во ОУ „Наум Охридски“ ќе добијат училишна сала согласно сите европски стандарди. 

Тој изразил задоволство од поддршката која ја добива од Владата за модернизација на инфраструктурата во општината, информирајќи дека средствата за објектот во висина од 34 милиони денари се обезбедени преку владиниот повик за распределба на средства по општини за инфраструктурни проекти. Спортската сала се очекува да биде завршена во втората половина на 2026 година.