Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Започна асфалтирање на патот Косевица – Моштица

Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Косевица и Моштица, како и кракот кон Горанско Маало во рамки на село Косевица, информираше денеска градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Станува збор за инфраструктурен проект со вкупна должина од 1.817 метри на делницата Косевица – Моштица и дополнителни 402 метри кон Горанско Маало. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Косевица и Моштица, како и кракот кон Горанско Маало во рамки на село Косевица, информираше денеска градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

Станува збор за инфраструктурен проект со вкупна должина од 1.817 метри на делницата Косевица – Моштица и дополнителни 402 метри кон Горанско Маало. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 21.204.459 денари.

Според Стаменкова, со реализацијата на проектот ќе се подобри патната поврзаност меѓу населените места, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се унапредат условите за живот на жителите од овој дел на општината.

Реклама

Таа нагласи дека Општина Македонска Каменица продолжува со континуирани инвестиции во инфраструктурата, со цел обезбедување рамномерен развој на сите населени места.

– Секој реализиран проект претставува чекор напред кон поразвиена и поубава општина, изјави Стаменкова.