Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Западен Балкан можеби ќе чека подолго на парите од Брисел за раст и развој

Европскиот парламент и советот на Европската унија сè уште не успеале да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европскиот парламент и советот на Европската унија сè уште не успеале да се договорат за конечниот текст на одлуките за планот за раст за Западен балкан. Европските институции се под голем временски притисок, бидејќи во април ќе се распушти европскиот парламент, а за таа одлука неопходна е и согласност од тие институции.

Доколку следната недела не се постигне договор, постои ризик за усвојувањето на планот за раст за земјите од регионот да се чека зимата. За да почне распределбата на парите оваа година, ЕП треба да гласа во април.

Неофицијално како што објавува Радио Слободна Европа, иако позициите се доближени, сепак тие не се целосно усогласени. Новата и последна рунда преговори меѓу институциите ќе се одржи на 4 април. Тоа е датумот кога треба да се постигне целосна согласност за текстот на одлуката.

Реклама

Инаку, одобрувањето на планот за раст за регионот треба да се чека до зима, бидејќи наесен ќе се формираат нови структури на институциите на ЕУ по европските избори што ќе се одржат во јуни.

Поради изборите за Европскиот парламент последната пленарна седница ќе се одржи од 21 до 24 април. гласањето за планот за раст беше планирано за последната пленарна седница.

Но, пред гласањето на пленарната седница, текстот на договорот за планот за раст треба да се договори со советот на ЕУ, потоа овој текст да биде одобрен од буџетските и надворешно политичките комитети на ЕП.

Високи функционери вклучени во меѓуинституционалните преговори за планот за раст за Радио Слободна Европа велат дека желбата е првите исплати да бидат извршени во втората половина на оваа година.

„Ако не се постигне договор меѓу советот на еу и европскиот парламент, тогаш овој наш план ќе биде загрозен“, изјавил еден европски дипломат за Радио Слободна Европа.

Планот за раст за Западен балкан беше претставен од Европската комисија во ноември 2023 година. Тој изнесува шест милијарди евра, од кои две милијарди се во форма на грантови, додека останатите четири милијарди се во форма на заеми со поволни услови.