Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Занаетчиската комора организира настан за подигање на свеста за борба против рак на дојка

Во рамки на месецот „Розев Октомври“, месец на женска сила, поддршка и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на месецот „Розев Октомври“, месец на женска сила, поддршка и надеж, Занаетчиската комора на Македонија денеска организира симболичен и хуман настан посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка и значењето на превенцијата.

Настанот ќе се одржи во просториите на „Тренинг центарот“ на ЗКРСМ, со почеток во 14:00 часот. Настанот е дел од проектот „Образување и економско зајакнување на ранливите групи жени“, кој се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Словенија во Скопје. Проектот има за цел да овозможи образовно, професионално и економско зајакнување на жените од ранливи категории, преку практични обуки, менторство и можности за личен развој.

-Во рамки на утрешниот настан ќе учествуваат и девојчињата кои беа засегнати од неодамнешниот пожар и кои во моментов се дел од обуката за козметичар. Со симболичен гест на поддршка, тие ќе изведуваат розеви маникири за присутните дами, пренесувајќи порака на храброст, надеж и женска солидарност.  Со овој хуман чин, Занаетчиската комора на Македонија уште еднаш ја потврдува својата посветеност на зајакнување на жените, промоција на нивните вештини и создавање на можности за достоинствена и независна иднина, изјави Јелена Спасов, извршен директор на ЗКРСМ.

Реклама

На настанот ќе учествуваат и учеснички од сите шест града каде што се имплементира проектот, Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп, Гостивар и Свети Николе, кои преку своето присуство и активност ќе ја зајакнат пораката за женска поврзаност, емпатија и поддршка.