Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Заменик-министерката за европски прашања Трајков на средба со чешката амбасдорка:Реформската агенда во фокусот на билатералниот дијалог

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на Република Чешка, Ирена Гецова. Во фокусот на разговорот беа реализираните реформи и активностите на институциите за спроведување на Реформската агенда – информираат од МЕП.

Заменик-министерката ги презентирала досегашните резултати и приоритетите за следниот период, со акцент на институционалната координација и исполнувањето на реформските обврски поврзани со европските стандарди.

– Предвидена е и размена на мислења за можностите за продлабочување на соработката со Чешка и споделување искуства во областите релевантни за реформскиот процес – велат од Министерството за европски прашања.

Реклама

Средбата, како што потенцираат, е можност за продолжување на дијалогот со чешките партнери и за унапредување на соработката во поддршка на европската перспектива на нашата земја.