Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Објавен Германско-македонски училиштен речник

Германско-македонски училиштен речник објави издавачката куќа „Арс Ламина“, наменет за ученици од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германско-македонски училиштен речник објави издавачката куќа „Арс Ламина“, наменет за ученици од основното и од средното образование, како и за сите љубители на германскиот јазик.  Автори се д-р Валентина Илиева, м-р Кристина Крстевска, м-р Симона Монавчева и д-р Николче Шулевски. 

Издавачката куќа соопшти дека лексикографскиот труд има јасен вокабулар и практичен македонски превод и го олеснува патот кон совладување на германскиот јазик, кој е мајчин јазик на повеќе од 100 милиони луѓе – во Германија, Австрија, Швајцарија и во други европски земји. 

-Речникот е практична помош при разбирањето на германските зборови, при читањето текстови, при изработката на домашните задачи и при збогатувањето на вокабуларот. Може да се користи и при самостојно учење, овозможувајќи полесно совладување на јазичните основи и посигурна употреба на германскиот во секојдневната комуникација. Познавањето на германскиот јазик отвора можности за нови знаења, за образование и за професионален развој, но и за поблиско запознавање со културата,  литературата, музиката и со науката на германскојазичните земји, соопшти „Арс Ламина“.