Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Законите за судска и јавнообвинителска служба поминаа во прво читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија, следуваат јавни расправи

Собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во прво читање ги поддржаа Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба, кои претставуваат дел од клучниот реформски пакет за зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на правосудството. Двата закона се подготвени во рамки на обврските утврдени во Реформската агенда и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија во прво читање ги поддржаа Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба, кои претставуваат дел од клучниот реформски пакет за зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на правосудството.

Двата закона се подготвени во рамки на обврските утврдени во Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 и имаат за цел да создадат современ и функционален систем за управување со човечките ресурси во судовите и јавните обвинителства.

Меѓу најзначајните новини се издвојуваат:

Реклама

• Воспоставување посебен статус на судските и јавнообвинителските службеници како посебни административни службеници, со што се признава специфичноста на нивната работа и се напушта моделот преземен од општиот систем на административни службеници;

• Нов систем за вработување и унапредување, прилагоден на потребите на судовите и јавните обвинителства, кој обезбедува избор на најстручни и најквалитетни кадри;

• Воспоставување реален кариерен развој и можности за напредување во рамки на службата, особено за стручните кадри и правниците;

• Зајакнување на кадровската автономија и намалување на зависноста од извршната власт при планирањето на вработувањата;

• Нов систем на пресметка на платите со кој зголемувањата обезбедени преку колективните договори стануваат составен дел од основната плата;

• Зајакнување на дисциплинската одговорност, интегритетот и механизмите за заштита на правата на вработените;

• Подобро уредување на статусот на судската полиција и другите категории вработени во правосудните институции.

Заменик министерот за правда Ален Деребан истакна дека донесувањето на овие закони претставува важен чекор кон создавање стабилна и професионална правосудна администрација.

„Со овие законски решенија за првпат воспоставуваме систем кој ја препознава специфичноста на работата на судските и јавнообвинителските службеници. Создаваме услови за професионален развој, правично вреднување на трудот, поголема институционална независност и поефикасно функционирање на судовите и јавните обвинителства. Нашата цел е силни институции поддржани од стручна и мотивирана служба која ќе придонесе за поквалитетни услуги за граѓаните и зајакната доверба во правосудниот систем“, изјави Деребан.

Во следната фаза од собраниската постапка ќе бидат организирани јавни расправи на кои ќе учествуваат претставници на судската и јавнообвинителската служба, институциите, стручната јавност, академската заедница и граѓанскиот сектор, со цел дополнително унапредување на предложените законски решенија преку инклузивен и транспарентен дијалог.

Предлог-законите се финансиски одржливи и нивната примена не предизвикува дополнителни буџетски импликации над веќе планираните средства.