Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Законите за продолжување на рокот за легализација на дивоградбите и за минимална плата од 600 евра пред пратениците

Собранието денеска треба да ја продолжи 85. седница, а на дневен ред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска треба да ја продолжи 85. седница, а на дневен ред се Предлог законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, предложен од пратеници од власта и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, предложен од опозицијата. И двата закона треба да се носат по скратена постапка.

Со измените на Законот за за постапување со бесправно изградени објекти, доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се предлага дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти, односно продолжување рокот на неговата важност – наместо 15, законот да важи вкупно 20 години – до 3 март 2031 година.

Како што образложи пратеникот Бојан Стојановски на прес-конференција минатата недела, целта е граѓаните да не останат со нерешени статуси за своите домови поради административни препреки или бавни процедури.

Реклама

– Многу наши сограѓани со години се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи, разни постапки или претходни прашања, кои не биле по нивна вина. Актуелниот закон предвидуваше рок на важност до 3 март 2026 година, што би значело дека илјадници предмети, кои се во процедура, би биле прекинати по сила на законот во фазата во која се затечени – рече Стојановски.

Со измените на законот се овозможува правна сигурност за општините како надлежни органи да може легално да ги завршат сите веќе почнати постапки. Оваа измена, не предвидува нови барања, туку е исклучиво во служба на оние граѓани што веќе поднеле документација и со години чекаат на својот имотен лист.

– Оаа иницијатива доаѓа како директен одговор на барањето на Управниот одбор на ЗЕЛС и општините што секојдневно се соочуваат со реалните проблеми на терен. Ова законско решение не предизвикува никакви дополнителни финансиски импликации врз буџетот на државата и ќе стапи во сила веднаш по објавувањето во „Службен весник“ за да нема правен вакуум – посочи Стојановски.

Со  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, пак, поднесен од од пратеничката група на СДСМ и коалцијата, се предлага минималната плата во држававав да изнесува 600 евра.

Како што образложи вчера пратеничката Јована Тренчевска, овој закон е реален одговор на барањата на синдикатите и работниците.

– Сведоци сме дека за достинствен живот работниците се принудени да протестираат на улиците. Поради тоа што нивната мака е тешкото секојдневие, не може да си ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства, рече Тренчевска.

Според СДСМ, не држи образложението на Владата дека пари за минимална плата од 600 евра нема, и ги повикува сите пратениците, особено од владејчкото мнозинство, да дадат поддршка на законот и да се изгласа.

Пред пратениците на денешната седница е и Предлог-резолуција за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово, поднесена од ДУИ. 

Во Собранието денеска ќе заседаваат и Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно-правната комисија.