Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Закани по најавите дека инспекторите ќе проверуваат како се делеле дипломи на државните универзитети

Министерството за образование и просветниот инспекторатќе го проверуваат начинот на кој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и просветниот инспекторатќе го проверуваат начинот на кој се делеле дипломи на државите универзитети, каде меѓу другите преку ноќ се описмениле и многу поранешни функционери.Стегајќи го обрачот околу високообразовните институции,на адреса на просветните инспектори како и вработени во министерствотото стигнале и закани.За ова Алфа уште една се обиде да добие одговор,но од ресорното министерство не откриваат кој се дрзнал да им прети и да ги заплашува и дали за случајот е информирана полицијата ?

„Заканите кон вработени во МОН се упатени по извршени надзори на високообразовни и научни установи. Јавно се предупредени раководствата на установите и при следна ваква ситуација, ќе бидат известени надлежните институции“ – Министерство за образование

Она што може ДПИ да го направи со многу малку чесни и стручни инспектори,го прави истакна Јаневска на последната седница за пратенички прашања,што само по себе го наметна прашањето дали во државава има недостаток од просветни инспектори?

Реклама

„Во Државниот просветен инспекторат работат 49 инспектори, а согласно систематизацијата на работните места, предвидени се вкупно 63. Недостасуваат и тројца раководители на сектори, од вкупно 5. Еден инспектор е вработен во 2023 година, а претходно 7 вработувања имало во 2018 година“ – Министерство за образование

Инаку, паднаа и првите отпуштања од работа на кадри кои ги образувале идните академци со неправилно стекнати звања.До сега се затворени и 6 научни иститути кои не нуделе никаква дејност и образование.Ресорната министерка не попушта, онаму каде што ќе се откријат недоследности во работењето ќе сносат последици,а дел од универзитетите ќе бидат затворени. Таа кажа дека еден од универзитетите за кој има многу пријави за нерегуларно работење е Меѓународниот универзитет  во Струга кој беше делумна сопственост на Рамиз Мерко.Но од кајот на минатата година Мерко,односно неговиот најстар син, повеќе не е формален сопственик на универзитетот кој обезбедува дипломи за високо образование од 4 факултети:политички науки, информатички технологии,правни и економски науки.Иако владата да поништи одлуката за основање на факултетот за здравствени науки ,на сајтот на универзитетот сеуште стои.

Росица Голабоска