Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Захариев: Можен недостиг на шприцеви, ракавици и контрастни средства во штипската болница, поради кризата во Иран

Со недостиг на шприцеви, ракавици и материјали за снимање – може да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со недостиг на шприцеви, ракавици и материјали за снимање – може да се соочат и македонските болници поради конфликот на Блискиот Исток. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев вели дека проблем има со набавките, а најкритично е со контрастните средства за компјутерска томографија и магнетна резонанца. Посочува дека залихите  се на долна граница, односно имаат материјали за еден до два месеци. Се очекува кризата да се надмине во наредните еден до два месеци, во спротивно ќе се прави реорганизација. 

– Тоа не е некој дефецит по болниците, туку ќе биде дефецит на светско ниво, за сметка на помалото производство на тие продукти што ни требаат на нас. Во моментот проблем очекуван што би можеле да го имаме е проблемот со контрастот. Тоа се контрасните средства за снимање на компјутерска и магнетна резонанца, значи тука залихите ни се на долна граница, но според добавувачите и тие немаат залиха, бидејќи и самиот производител не работи со тој капацитет што е работел порано. Сите болници имаат некоја залиха, и ние имаме залиха за месец-два и се надеваме таа криза да се надмине, во спортивно ќе правиме некоја реорганизација по другите болници каде што има залихи, а не ги користат – изјави Захариев.

Директорот на Клиничка болница Штип, Захариев, апелира до матичните лекари и специјалистите да се одложат контролните упати за снимања со контраст на компјутерската томографија и магнетната резонанца. Тој вели дека проблемот со контрастните средства е на светско ниво, но очекува нови количини да пристигнат околу 21 мај.

Реклама

– Би апелирал до матичните лекари и специјалистите, од тие непотребни упати ако може да се пролонгира за контрастот. Неофицијално со добавувачот што во Македонија се надеваме дека 21 мај да добие, тоа му е и нему ветено од фирмата производител на контрастот што е на светско ниво – рече Захраиев.

Посочува дека болницата за итни случаи има контрастен материјал за компјутерскиот томограф и магнетната резонанца. 

Захариев за дефектот со мамографот во штипска Клиничка болница вели дека потребниот дел е најден во Хрватска и се очекува да пристигне за апаратот повторно да биде ставен во функција. Наместо да се чека набавка на нов апарат, што би траело со месеци, засега ќе се поправа постојниот за пациентите да не чекаат подолго. Во меѓувреме е почната и постапката за сервисирање на ренген апаратот. Додека траат поправките, пациентите за ренген снимања ќе се упатуваат во Радовиш, Свети Николе и Кочани.

-Мамографот за жал неколку месеци не работи, веќе сите знаете. Што е целта? Целта е што побргу да го направиме. Мамографот си ги има своите години и тоа беше дилемата што разговаравме, значи самиот сервисер што е, кажа дека нема делови што може да се набават. Сега во дилемата и нов или да се поправи стариот, во консултација со сервисерите, тој дел што фали, преку нивни мрежи е најдено дека тој дел го има во Хрватска и тие сега чекаат да се достави до нас, за да го направиме стариот. Зошто го правиме стариот? Во интерес на времето за пациентите да не чекаат, бидејќи нов како нов апарат е процедура за јавна набавка што се одвива месец, два, па и три ако има жалби и така да сега ако почнеме ние нов, не би било благодарно уште три месеци да чекаме апарат-рече Захариев.

Како алтернатива за пациентите во КБ Штип, директорот Владко Захариев вели дека додека ренген апаратот е во дефект, во болницата се користи помал, подвижен ренген апарат. Тој појаснува дека тој е наменет за хоспитализирани пациенти, но има ограничен капацитет во споредба со главниот апарат. 

-Рентген апаратот за жал пред  неколку денови е вонфункција, процедурата направена дефектажа, процедурата е отпочната. Сега на Управен одбор треба да направиме ребаланс, а средствата да ги пренамениме и со фирмата што го сервисира се договоривме, ќе гледаме во најкус можен рок што може да направиме, сега за жал тие апарати се големи и тоа сервисирање не може да се одвива за ден- два- изјави Захариев.

Тој додава дека мамографот очекува за десет дена да биде ставен во функција.