Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Загадената вода стигна до Обвинителството, Стружани и натаму без питка вода

Енормното загадување на водата за пиење, стигна и до струшкото обвинителството кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Енормното загадување на водата за пиење, стигна и до струшкото обвинителството кое почнува истражна постапка. Здравствено небезбедна, водата во Струга ќе биде забранета за користење, најмалку уште една недела. Матноста на изворите во Шум што го снабдуваат градот со вода, сеуште е висока и ја надминува законски дозволената граница од 1,5 единици. Таа денес изнесува 7,33 единици.

“Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. Издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење. Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, велат од ОЈО”

Од Центарот за јавно здравје го отвораат прашањето каде биле надлежните институции и зошто навремено не се реагирало затоа што како што велат, каменоломот над изворите не е од вчера.

Реклама

”Тоа што го видов јас не можев да верувам дека може да постои некој што сака буквално да уништи, водоснабдување во Струга да нема. Таму е каменолом со огромни кратери каде што со динамит се кршат карпи. Ова е алчноста невидена, алчност, бесовесност и бескруполозни луѓе можат да го направат ова само” – вели Лидија Симоноска, Центар за јавно здравје Охрид.

Од државниот инспекторат за животна средина и останатите надлежни институции се запознаени со проблемот и преземаат мерки.

“Мислам дека ќе следи заеднички надзор за да се види точно на која локација е, дали е легална локација или не, нелегално ископивање во близина до изворите. Во секој случај треба да се истражи дали е дојдено до легална концесија, како работел со Б дозвола, со елаборат. Треба да се види инспекцискиот надзор” – вели Дарко Блинков, Генерален инспектор за животна средина.

Секое загадување на питка вода е опасно, вели Блинков. Изворите во Шум се главни извори кои снабдуваат со вода за пиење популација од 50.000 жители од Струга и струшко.